Познато е дека мастурбацијата речиси секогаш се припишува како исклучиво машка навика. Од друга страна, женската мастурбација сè уште е табу тема, но и ова полека се открива.
Веќе е познато дека 51% од припадничките на женската популација мастурбираат секој ден, а оваа практика им претставува нормално секојдневие. На крајот на краиштата, жените признале дека мастурбацијата им помага во сексуалниот живот и дека тоа често го прават кога се сами или под туш, бидејќи ги опушта и ги ослободува од нервозата и стресот.
Но, она за што размислуваат додека го прават тоа е нешто што го збунува поголемиот дел од машкиот свет.
Со тоа се занимавале и истражувачите и ги анкетирале жените. На прашањето за што мислат додека мастурбираат, 69% од жените одговориле дека замислуваат сексуални сцени со својот сегашен партнер. Тие исто така рекле дека во овие ситуации обично замислуваат сцени и секс пози кои вообичаено не би ги правеле со партнерот, па се обидуваат да замислат во нивните глави како би изгледало тоа искуство.
Околу 48% од жените фантазираат за поранешните мажи: тие признале дека фантазирањето за поранешните момчиња кои молат за прошка ги возбудува, поради што често се во нивните мисли.
На крај, жените се согласиле и дека кога не размислуваат за сегашните или минатите врски, фантазираат за совршените мажи и нивните омилени познати личности кои често ги гледаат на телевизија и на Интернет.