По неколку дена, можете да почувствувате големо олеснување
Доколку почесто ве боли стомакот, особено ако ве мачат насобрани токсини, овој напиток е идеален за вас. Помага за чистење на цревата и се пие по половина чаша дневно седум дена, по што се прави пауза.
Состојки:
120 гр семки од тиква
750 мл вода
1/4 лажичка ѓумбир
1/4 лажичка куркума
малку бибер
1 лажица мед
Подготовка:
Потопете ги семките од тиква и оставете ги во вода преку ноќ. Наутро исцедете ги, па ставете ги во блендер. Потоа додадете вода, куркума, ѓумбир, бибер и мед, па блендирајте додека не добиете хомогена смеса. Процедете ја смесата. Исцедената течност пијте ја седум дена, по половина чаша дневно.