Покрај лековите и големата количина течност за воспаленија на мочниот меур и уринарни инфекции, помага и сода бикарбона растворена во вода.
Чувството на печење при мокрење е најчестиот симптом на уринарна инфекција или инфекција на мочниот меур. Најчеста причина за проблеми кај жените е бактериска инфекција која стигнува од дебелото црево, преку уретрата, сè до мочниот меур. Кај мажите, проблем е сè што го ограничува нормалниот проток на урина, како што е зголемената простата.
Третманот за инфекција на мочниот меур често вклучува антибиотик, но самиот пациент може да направи многу за да помогне состојбата да се смири што е можно поскоро.
Пред сè, неопходно е да се зголеми внесот на течности. Ова го „испира“ целиот систем и ја разредува урината. Треба да пиете незасладени течности, на пример, вода или само цедено овошје.
Избегнувајте алкохолни пијалоци, како и оние кои не содржат алкохол, но се кисели или газирани. На пример, сок од портокал не треба да се конзумира додека траат симптомите.
Алкализацијата на урината исто така може да помогне. За да го постигнете ова, земете сода бикарбона растворена во вода – една кафена лажичка (5 g) на една чаша вода. Треба да се пие два до три пати на ден.
Ако чувствувате и болка, може да ви помогнат Парацетамол или Бруфен. Шише со топла вода притиснато на долниот дел на грбот исто така ќе биде пријатно. Пациентот треба да мирува што е можно повеќе. Ако симптомите продолжат повеќе од 2-3 дена, дефинитивно треба да се јавите кај вашиот лекар.