Видови масла кои ќе ја направат вашата коса совршена

popara4 јуни, 20231min00
Screenshot_2

Здравата, убава и негувана коса е додаток кој никогаш не излегува од мода.

 

 

 

Но, за да го постигнете ефектот на долга и сочувана коса, ви требаат добри сојузници.

 

Овие хранливи природни масла се едни од најдобрите, бидејќи го хранат влакното со витамин Е и масни киселини, од коренот до врвовите.

 

Како да ги користите природните масла за нега?

 

Нанесете неколку капки на темето, а доколку маслото е малку подгреано – уште подобро. Но, внимавајте да не е жешко. Масирајте го скалпот со ваков третман 2-3 пати неделно.

 

Оставете неколку часа, може и преку ноќ, па темелно измијте ја косата.

 

6-те масла за раст на косата кои треба редовно да ги користите се:

 

Арганово масло – со него постигнувате брз сјај и хидратација. Во текот на летните месеци ја штити косата и од силното сонце и морската сол.

 

Кокосово масло – со ова масло го спречувате паѓањето на косата и оштетувањето на влакното.

 

Масло од макадемија – предноста на ова масло е што не ја масти косата, а содржи омега масти кои се неопходни за цврсто влакно.

 

Ленено масло – семките од лен како што се делотворни за целото тело, така ја опоравуваат и косата од коренот до врвовите.

 

Масло од орев – повторно богато со омега киселини, а може и да го користите летните месеци за благо нијансирање и осветлување на косата.

 

Маслиново масло – без него никаде не може, бидејќи го враќа здравиот сјај, го регенерира и зајакнува влкното.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag