Викендот носи можност за опуштање и забава: Овенот ќе биде спонтан, Рибите имагинативни

popara29 септември, 20231min00
Screenshot_2

 

Овен

 

Во петок и сабота, Месечината е во Стрелец и ве поттикнува да се забавувате и да ги проширите своите видици. Опозицијата меѓу Венера во Вага и Јупитер во Овен ја зацврстува вашата љубов кон партнер, нагласувајќи го значењето на љубовта во вашиот живот. Опозицијата на Месечината и вашата владејачка планета Марс го активира вашиот темперамент, па така внимавајте на своите реакции, бидејќи постои можност бурно да ги покажете своите емоции. Во недела, искористете ја Месечината во Јарец за да направите чекор напред во вашата кариера.

 

Бик

 

Во петок и сабота, Месечината ја осветлува вашата седма куќа на врски и љубовни односи. Нејзиниот тригон со Јупитер го збогатува вашето срце со љубов кон другите, во што особено ќе уживате. Сабота и недела ќе успеете да се ослободите од негативната енергија онака како што вие најдобро умеете, благодарение на квадратот на Месечината со Меркур.

 

Близнаци

 

Месечината во петок и сабота прави опозиција со Марс поради што ќе бидете особено чувствителни. Ќе чувствувате како сите околу вас да ви одат на нерви. Опозицијата на Јупитер и Венера ќе биде во вашата четврта куќа на домот, поттикнувајќи ја љубовта и заедништвото. Во недела, Месечината во Јарец влијае на тоа да се посветите на односот со саканата личност. Додека Месечината е во квадрат со Венера, Јупитер и Сонцето може да предизвикаат проблеми и несогласувања.

 

Рак

 

Во петок и сабота, Месечината во Стрелец ја активира вашата креативност и страст. Сепак, лесно би можело да дојде до кавга со некој од пријателите под влијание на Месечината која му се спротиставува на Марс во вашата единаесетта куќа. Добрата вест е дека несогласувањата можат лесно да се решат. Опозицијата меѓу Јупитер и Венера ве поттикнува да се држите до своите цели. Во недела, Месечината во Јарец ве инспирира да се посветите на својата добросостојба, но и да не заборавате на навиките за штедење.

 

Лав

 

Во петок и сабота кога Месечината е во Стрелец ќе бидете фокусирани на вашиот дом и семејство. Тригонот на Месечината со Јупитер ја зголемува вашата креативност, па ова е одличен период да се фокусирате на уметноста, некое ваше хоби или проекти за кои долго размислувате. Во сабота, Месечината ќе биде во квадрат со вашата планета Меркур што може да направи да имате пад на енергијата. Месечината во Јарец во недела ви го враќа потребниот баланс.

 

Девица

 

Месечината во петок и сабота прави опозиција со Марс поради што ќе бидете особено чувствителни. Ќе чувствувате како сите околу вас да ви одат на нерви. Опозицијата на Јупитер и Венера ќе биде во вашата четврта куќа на домот, поттикнувајќи ја љубовта и заедништвото. Во недела, Месечината во Јарец влијае на тоа да се посветите на односот со саканата личност. Додека Месечината е во квадрат со Венера, Јупитер и Сонцето може да предизвикаат проблеми и несогласувања.

 

Вага

 

Месечината е во Стрелец во петок и сабота во вашето трето поле и во опозиција со Марс во вашето деветто поле. Тоа ве поттикнува да тргнете на авантура и да ги проширите своите видици. Астролозите ве советуваат да не брзате никаде, туку да одите чекор по чекор. Опозицијата меѓу вашата владејачка планета Венера и Јупитер во фокус ја става вашата врска со саканата личност, но и некоја комуникација која е неодамна започната ако не сте во врска. Важно е да најдете баланс меѓу посветеноста, љубовната занесеност и контролата. Не ги мешајте овие работи. Во недела, Месечината во Јарец ве насочува кон домот и семејството.

 

Шкорпија

 

Во петок, Месечината во Стрелец ве насочува кон тоа да се фокусирате кон своите финансии, а нејзиниот тригон со Јупитер ви носи сјајни можности да напредувате во работата. Просперитетот ви чука на портите. Опозицијата меѓу Месечината и Марс ве поттикнува да најдете време и да се позанимавате со финансиите, особено со оние ресурси кои ги делите со другите.

 

Стрелец

 

Во петок и сабота, Месечината е во вашиот знак а овој аспект ќе ве направи оптимистични, самоуверени и расположени. Најдете време да бидете меѓу луѓето и не се затворајте во својот дом. Опозицијата меѓу Венера и Јупитер во сабота може да ве натера да ги анализирате своите односи и да видите кои се вашите вистински пријатели. Во недела, Месечината во Јарец ќе ве инспирира да обрнете внимание на своите приходи и да донесете вистинска одлука во однос на вашата кариера.

 

Јарец

 

Во петок и сабота, Месечината е во Стрелец што го подобрува вашето расположение, а вие ќе уживате во времето поминато во анализа на тоа како се чувствувате и што се случува околу вас. Секстилот на Месечината и вашата владејачка планета Сатурн става акцент на вашите финансии, поттикнувајќи ве да ја следите вашата интуиција и да се фокусирате на успехот и напредокот кои се пред вас. Искористете ја можноста која ви се пружа.

 

Водолија

 

Во петок и сабота, Месечината во Стрелец го насочува вашето внимание кон пријателите и односот со нив, но и ја зголемува вашата потреба и желба да им помогнете на другите. Месечината во недела е во Јарец во вашата дванаесетта куќа на духовност, што ќе ве поттикне да се свртите кон себеси, да ги анализирате своите мисли, желби и чувства.

 

Риби

 

Месечината е во Стрелец во петок и сабота што ќе ве поттикне да излезете од својата пријатна зона и да најдете време за да ги манифестирате своите желби. Тригонот на Месечината и Јупитер во вашиот сектор на финансии ви носи одлични можности да ги подобрите своите приходи. Во сабота, вашата планета Нептун е во квадрат со Месечината што ќе ја зголеми вашата чувствителност.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag