Викторија и Дејвид Бекам се една од главните теми на годината во спортот и во светот, познати по документарната серија „Бекам“ која ја снимија за Нетфликс за кариерата на легендарниот фудбалер и нивниот семеен живот.
Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид и популарната дизајнерка открија многу за нивната љубов, приватност и семејство, а го погледнаа и најголемиот скандал во нивниот брак, кога Бекам наводно ја изневерил поранешната „спајсица“ со Ребека Лос.
Сепак, најголемо внимание на социјалните мрежи привлече наводно спонтаниот момент кога Викторија Бекам зборуваше за тоа како и двајцата потекнуваат од работнички семејства. Дејвид потоа ѕирнал во собата и ѝ рекол на сопругата да ја каже вистината за тоа со што татко и ја возел на училиште, а таа рече:
“Beckham“ documentary on @netflix is excellent !!
One of of my favorite moment is when David ask his wife Victoria “What car did your dad drive you to school” 😁
pic.twitter.com/Wa7S8QGU2C— Popcorn Picks (@popcornpickss) November 19, 2023
– Во текот на 80-тите, татко ми имаше Ролс Ројс.
Оваа реченица ги преплави социјалните мрежи и многумина слатко се изнасмеаа на сметка на Викторија, а сега таа покажа што ја прави една од најмоќните жени на светот – токму тој цитат го искористи за да заработи.
Г-ѓа Бекам, всушност, дизајнираше бела маичка со натпис „Мојот татко имаше Ролс Ројс“, а таа е обичен модел за секој ден, со тркалезно деколте и кратки ракави. Цената на оваа очигледно не премногу посебна маица е 130 евра, а веќе е распродадена.
– Кој не сака маици со пароли? – напиша Пош Спајс на Инстаграм во описот на фотографијата од себеси како ја носи маицата.
– Моето прашање до сите вас е – како татко ви ве возел на училиште? Татко ми ме возеше во Ролс Ројс. Не можам повеќе да се борам.