Модата на Викторија Бекам го одзема здивот, а секое нејзино појавување во јавноста е уште една модна лекција за жените
Викторија Бекам е секогаш таму каде што е модата. Сега таа привлекува погледи на модната недела во Париз. Секое нејзино појавување будно го следат папараците, но и публиката, бидејќи тоа што го носи веднаш станува тренд.
Сепак, нејзината мода стана многу популарна поради својата практичност и фактот дека изгледа исклучително добро на речиси сите типови на тело.
Се вели дека денес Викторија Бекам има над 400 бутици ширум светот, а нејзините модели ги носат некои од најпопуларните актерки и модели.
Но, убедливо најголемо внимание привлекува самата Викторија кога ќе се појави во еден од нејзините модели. Таа со само едно појавување им одржа модна лекција на сите жени во светот и како да вели: „Вака треба да се облекува жена на прагот на педесеттите – шик и прифатливо!“
Како ви се допаѓа модата на Викторија Бекам?