Викторија Бекам се појави во нежен пастелен фустан, а нејзиниот сопруг Дејвид во пастелен костум и сандали на ревијата на брендот „Jacquemus“ во Версај.
Поранешната спајсица носеше светло розов асиметричен фустан и големи очила за сонце. Нејзиниот сопруг, поранешниот фудбалер, носеше беж ленени панталони, блејзер и спортска маичка.
И како и многу мажи ова лето, Дејвид класичните чевли ги замени со сандали, додека Викторија, сосема спротивно, избра необични, длабоки, сини чизми. Носеше и ефектна црна чанта.
А по напуштањето на хотелот во Париз, Викторија го носеше истиот нежен, бледо розев фустан со интересен крој. Како аксесоари имаше големи очила за сонце и предимензиониран часовник.
Интересно е што овој фустан е од нејзината нова колекција. Поранешната спајсица покажа дека е своја најдобра реклама.
Дејвид беше облечен во бели ленени панталони и бледо зелена маица со долги ракави. Избрал кафеави детали – каиш и мокасини.