Интересни работи што можеби не ги знаете за контроверзната,талентирана ќерка на Вил Смит.
Вилоу Смит е дете на големата љубов меѓу холивудската икона Вил Смит и Џејда Пинкет.
Родена во 2000 година,девојчето набрзо покажа талент за глума,моделирање,музика и танцување,а на само седум години играше во филмот „I am Legend“,рамо до рамо со нејзиниот татко.А само две години подоцна го сними синглот „Whip my hair“ кој стана вирална сензација и така светот го запамети името – Willow.
А кои се помалку познатите работи за оваа талентирана ѕвезда во подем која штотуку наполни 23 години?
1. Полиглот и филантроп
Покрај мајчиниот јазик,англискиот,Вилоу течно зборува француски и шпански.
Таа е борец за правата на животните,кои ги промовира со својот пример на веганство,се бори за правата за зачувување на планетата и донира на различни организации во добротворни цели.
2. Средба со социјалната служба
Кога имала само тринаесет години,фотографијата која ја споделила со својата пријателка станала главна тема на медиумите и интернет порталите.
На сликата,нејзината пријателка,тогаш дваесетгодишна,била без кошула,во кревет со Вилоу.Оваа фотографија предизвика низа негативни коментари,кои кулминираа со посетата на социјалните служби на семејството.
– Мислам дека другите познати личности,жени кои не се моја боја на кожа,а кои се помлади и објавуваат работи многу поексплицитно од мојот пост,не добиваат никаква реакција – изјави младата ѕвезда.
3. Борба со менталното здравје
Вилоу е чест гостин во ток-шоуто на Џејда Пинкет Смит”Red Table Talk”, каде често зборуваат за семејни проблеми.
Во една од најпопуларните епизоди,Смит призна дека за време на нејзината најголема слава си нанела физички повреди,во обид да се справи со притисокот.
Таа,исто така,призна дека консумирала забранети супстанции,додавајќи:„Па,тоа не е тајна за нашето семејство“.
4. Богатството кое самата го стекнала
Сите знаеме дека Вил Смит е еден од најбогатите актери на планетата, но и на неговите потомци не им оди толку лошо.Се вели дека Вилоу е „тешка“ дури шест милиони долари.
5. Љубовна полемика
Смит признава дека чувствува привлечност за двата пола – и мажи и жени,како и дека не верува во моногамија,пренесува „Thethings“.