Вил Смит ги обележа Оскарите минатата година
Тој фрли сенка врз самите Оскари кога му удри шлаканица на комичарот Крис Рок. Помина речиси една година од овој инцидент, а прашањето беше како ќе се движи кариерата на Вил по тој настан.
Тој сега доби награда за неговиот најнов филм што беше одлична причина за неговото прво појавување во живо по Оскарите. Во прашање е наградата „Beacon“ на годишните награди на афроамериканските филмски критичари.
Холивудската ѕвезда се соочи со големи критики за време на минатогодишното доделување на Оскарите кога излезе на сцената и му удри шлаканица на Крис Рок поради шегата што комичарот ја направи за опаѓањето на косата на неговата сопруга.
– „Еманципација“ беше најтешкиот филм во мојата кариера – изјави Вил за време на церемонијата во Беверли Хилс.