Вистина или лага? Адел изјавила дека неодамна се омажила

popara21 ноември, 20234min00
Адел

На социјалните мрежи има дебата дали пејачката навистина ги потврдила шпекулациите со својата изјава „бидејќи е веќе мажена“ и дека Рич Пол сега и официјално е нејзин сопруг.

Се чини дека конечно стигна потврда дека британската музичка дива и официјално е во брак.Имено,веќе некое време се шушка дека Адел,британска поп ѕвезда со американска адреса се омажила за спортски агент Рич Пол.Фановите се убедени дека најновите настани се и официјална потврда.Нејзиниот пријател,комичарот Алан Кар,некако е „виновен“ што откри информации за нејзиниот брачен статус.Всушност, дивата викендов беше на својот стенд ап настап во Лос Анџелес.Пејачката уживала во настапот,а кога Алан Кар во еден момент и се обратил на публиката посочувајќи кој неодамна се омажил,Адел одговорила: „Јас сум“, пишува  Daily Mail.Ова го потврдија двајца гледачи на шоуто на Кар во клубот каде што беше присутна и Адел.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

„Вечерва бев на стенд-ап шоуто на Алан Кар во Лос Анџелес,а Адел беше во публиката.

Друг сведок исто така го потврди она што го видел и слушнал.Тој истакна дека седел блиску до 35-годишната поп ѕвезда.

“Адел беше веднаш зад мене со една пријателка и одлично се забавуваше.Не и беше грижа дали луѓето знаат дека е во публиката,таа и Кар се многу добри пријатели.Кога ја прашал публиката дали некој неодамна се омажил/оженил,таа извикала: „Јас сум““.

Кога станува збор за индициите дека ја легализирале својата врска,самиот Рич Пол неодамна навести дека шпекулациите за брак не се целосно лажни,гостувајќи во емисијата „CBS Mornings“.

“Таа е одлична,мислам дека би се согласила дека дефинитивно сме си помогнале еден на друг… Среќен сум. Таа е одлична.Таа е одлична за мене.Ние сме одлични еден за друг”, рекол тој.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag