Малкумина знаат дека водата во која се вареле компири е корисна на многу начини
Сите хранливи материи од компирот остануваат во водата и затоа може да помогне за подобро варење, намалување на крвниот притисок и подобро функционирање на мозокот. Покрај тоа, оваа вода е одлична како додаток на супи бидејќи ги подобрува вкусот и густината.
Како се подготвува оваа течност?
Значи, компирот не треба да се лупи, туку само добро да се измие и да се отстранат „очите“.
Состојки за 4 порции:
2 големи компири
2 чаши вода
друг зеленчук (целер, спанаќ, зелка) по желба
Подготовка:
Исечете ги компирите на мали парчиња. Додадете вода и варете 2-3 минути. Процедете ја течноста, оставете ја да се излади, па ставете ја во фрижидер 2-3 часа. Промешајте и можете да ја пиете.
За што е добар „сокот“ од компир?
За здравјето на кожата
Помага при проблеми со сува кожа, брчки, старечки дамки. Добро ја навлажнува кожата одвнатре, помага против псоријаза, егзема, акни, ја штити кожата од инфекции. Само почекајте течноста да се излади и испијте.
За убавина на косата
Оваа течност помага и против првут, како и против воспаленија. Со нанесување на косата од корен до врв ќе го подобрите сјајот на косата, а доколку имате кадрава или брановидна коса ќе помогне полесно да се формираат локните. По нанесувањето на косата, оставете да делува 10-20 минути пред да ја исплакнете.