Експерт од областа на здравјето открива колку често треба да ја менуваме постелнината, како и на кој начин треба да се испере.
Во однос на тоа дека просечна личност поминува третина од својот живот во кревет, јасно е дека хигиенското опкружување е многу важно.
Според последно истражување во Британија, откриено е дека 36 отсто од луѓето ја менуваат својата постелнина на секои две до три недели, додека 14 отсто уште поретко.
Главна причина зошто е важно редовно да се менува постелнината е ризикот од болести, бидејќи бактериите можат едноставно да се прошират во нечиста постелнина.
„Ако постелнината не се пере паразитите лесно можат да останат во неа“, вели Филип Тиерно, микробиолог од Универзитет во Њујорк.
Тој вели дека постелнината би требало да се менува најмалку еднаш неделно, затоа што за седум дена може да се развие микробиолошки живот.
Се препорачува постелнината да се пере на 60 и 90 степени Целзиусови.