ВИ СЕ ИСТУРИ КАФЕ НА ТЕПИХОТ? Еве како можете да ги отстраните дамките

popara4 март, 20231min00
665578_jehgehgjjjekdgjewkl_f

Излеаното кафе на вашиот тепих може да изгледа како ноќна мора, но постои лесен начин да ја отстраните дамката, без разлика дали се работи за свежо истурено кафе или постара дамка.

Иако чистењето може да потрае некое време или да бара брза реакција, дамките од кафе може да се исчистат.

Постојат неколку начини да ги отстраните, а наједноставен и најбрз е со помош на состојка која сите ја имаме дома – алкохолен оцет.

Ако штотуку сте го истуриле кафето, покријте го местото на дамката со оцет и потоа почнете да триете со четка натопена во вода.

Дамката треба да исчезне многу брзо. Со оглед на тоа што оцетот има интензивен мирис, тој дел од тепихот исплакнете го со топла вода и проветрете ја просторијата.

Отстранувањето на свежите дамки од кафе од теписите обично е многу полесно од старите.

За старите, ќе биде потребно само малку повеќе време и труд.

За да ја „омекнете“ дамката, ставете кујнска сол и оставете да отстои неколку часа. Солта ќе ја извлече влагата од тепихот и силните пигменти од кафето.

После тоа, отстранете ја солта и измијте со топла вода.

Ако дамката е особено силна, повторете ја постапката уште еднаш и не грижете се, дамката ќе исчезне.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma