Тиквичките се омилен зеленчук на многу луѓе: вкусни се, лесни и заситувачки, а што е најважно, можат да се подготват на многу начини.
Навикнати сме на мусака од тиквички или да ги пржиме, но дали сте се потрудиле од нив да направите фантастичен намаз кој лесно се подготвува, а благодарение на кој ќе имате фантастичен појадок и вечера?
Состојки:
3 средни тиквички
1 кромид
2 чешниња лук
2 супени лажици маслиново масло
2 лажици кисела павлака
1 китка магдонос
1 лажица сок од лимон
сол, бибер
Подготовка:
Тиквичките измијте ги и исчистете ги, па изрендајте и посолете ги и оставете да отстојат малку.
Потоа исцедете ги од водата.
Лукот, кромидот и магдоносот ситно се сечкаат, па на масло се пржат двете главици кромид, се додаваат тиквичките и се динстаат на умерена температура, мешајќи додека не испари вишокот течност.
Потоа додадете павлака и истурете сок од лимон и зачини по вкус.
После тоа, смесата ставете ја во блендер.
Оставете го намазот да се излади и уживајте.