Вкусен и здрав: Потаж од морков

popara2 јануари, 20231min00
603874_shutterstock-409170664_f

Лесно се прави

Состојки:

3 средни моркови

1 главица кромид

3 лажици сечкан праз

3 мали чешниња лук

1 мал компир

1 коцка супа со вкус на зеленчук

околу 600 мл вода

2 лажици масло

сол и бибер по вкус

4-5 лажици неутрална павлака за готвење

по вкус, мешавина од зачини што ги сакате

кубети по желба

Подготовка:

На малку масло пропржете ги сечканиот кромид и празот. Додадете морков исечен на прстени и сецкан лук. Пропржете кратко.

Додадете сечкани компири и кратко пропржете.

Истурете 400 мл вода и оставете да зоврие на средна температура. Кога ќе зоврие додадете ја коцката за супа.

Оставете да се готви околу 30 минути додека зеленчукот не омекне. Кога ќе се свари, зеленчукот иситнете го со рачен миксер или во блендер.

Додадете зачини по вкус. Додадете го остатокот од водата до густината што ја сакате.

Послужете топло со додаток на неутрална павлака и кубети.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma