Лесно се подготвува
Состојки:
- 3 краставици
- 180 гр јогурт
- 3 чешниња лук
- 1 лажица маслиново масло
- сол по вкус
- ако е потребно, мајчина душица
Подготовка
Излупете ја, измијте ја и ситно изрендајте ја краставицата. Исцедете ја ренданата краставица (земете ја со рака и исцедете ја целата течност што ја испуштила краставицата).
Исцедената краставица се става во длабок сад, се додава јогуртот, маслиновото масло, „изгмечениот“ лук и се меша.
Потоа, додадете мајчина душица, сол по вкус и измешајте да се соединат состојките. Префрлете се во сад за сервирање. Украсете со прстени од краставица. Добро изладете го сосот пред послужување.