Влагата и мувлата можат да предизвикаат ГОЛЕМИ здравствени проблеми: Еве на кои СИМПТОМИ треба да внимавате

popara9 февруари, 20231min00
Kasalj

Дали знаевте дека е можно труење со влага и мувла?

Покрај настинките и грипот, зимскиот период со себе носи и други проблеми, како влага и мувла, особено ако изолацијата во домот е лоша. А еве на што треба да обрнете внимание доколку ги имате овие „несакани гости“ во куќата.

Експертите и нутриционистите предупредуваат дека и влагата и мувлата можат да произведат алергени, како и многу иритирачки и токсични материи. Потенцијалните предупредувачки знаци може да вклучуваат насолзени очи, чешање на кожата, конгестија и метален вкус во устата.

Вдишувањето на ситни парчиња мувла може да предизвика алергиска реакција во синусите и белите дробови, што доведува до трајно блокирање на респираторниот систем, забележуваат експертите. Некој кој бил „отруен“ од мувла може исто така да доживее замаглување во главата, како што се нејасност и збунетост.

Сепак, најчудниот симптом е токму металниот и непријатен вкус во устата. Некои од претпоставките на стручњаците доаѓаат од храна која ѝ поминал рокот на траење, но виновникот може да се најде и во бањата или кујната каде славините протекуваат и на тој начин создаваат влага која потоа се вдишува.

Влагата и мувлата можат да влијаат и на имунолошкиот систем. Вдишување или допирање на мувла може да предизвика алергиска реакција, како што се кивање, течење на носот, црвени очи и осип на кожата. А луѓето кои се повеќе склони кон труење со мувла се оние со ослабен имунолошки систем. Ова ги вклучува бебињата, постарите лица, оние со кожни проблеми како што е егзема и луѓето кои страдаат од респираторни проблеми како што се алергии и астма.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma