Внимавајте што ви носи келнерот: Во лето имаме обичај да нарачуваме вакви пијалоци, но тие содржат неверојатно многу бактерии!

popara20 јуни, 20231min00
143_shutterstock-439422121_f

Доколку сте љубител на газирани пијалоци, обожавате да ги пиете во кафуле со парче лимон или портокал, а сето тоа со познатиот мраз кој е пријатен во топлите денови, обрнете внимание! Летото ни тропа на врата, а вистинското освежување во кафулињата и рестораните имa еден недостаток. Следниот пат кога ќе нарачате пијалок со мраз, размислете дали тоа е добра идеја.

Спроведеното истражување за квалитетот на мразот покажало дека дури 77,2 отсто од примероците биле позитивни на присуство на колиформни бактерии, чие потекло е фекално. Станува збор за микроскопски мали честички кои влегле во мразот поради валкани раце. Затоа, најголемата заблуда кај луѓето е дека бактериите не можат да се држат на мраз.

Obratite pažnju šta vam donosi konobar: Leti svi imamo običaj da naručimo ovakvo piće, sadrži više bakterija od WC šolje

Мразот во кафулињата и рестораните за брза храна е најголемата почва за бактерии и во просек ги има повеќе отколку во тоалетната школка, што е последица на реткото чистење на машината за мраз. Секако, ниту еден од примероците не претставува закана за здравјето. Друго истражување покажа дека најмногу бактерии се кријат во чаша вода или газиран пијалок со парче од лимон. Истражувачите тестирале 76 парчиња лимон од 21 ресторан и откриле дека 70 отсто, или 53 парчиња, биле заразени со бактерии.

Иако ова не е најсеопфатното истражување на оваа тема, и самите можете да забележите дека парчето лимон што го добивате во чашата е веќе претходно исечено и дека овие парчиња се чуваат во пластични садови на собна температура, што е исто така идеална средина за бактерии. Истражувањето не го откри јасно изворот на овие бактерии, но откри дека овие бактерии не можат да преживеат и да се размножуваат во алкохолните пијалоци.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag