Декември носи многу убави нешта, но и неочекувани опасности за домашните миленици. Внимавајте како го украсувате празничното дрво.
Можеби сте мислеле дека се работи за некој посебен материјал кој е отровен за кучињата, но тоа не е ни блиску до случајот. Ова се сосема обични и многу вообичаени новогодишни украси направени од чоколадо.
Многумина украсуваат елки со украси кои се јадат, но многу е важно тие да останат недостапни за кучињата. Ако за домашно милениче имате куче или мачка, одлучете се за други видови украси наместо за чоколадни.
Чоколадото е многу отровно за кучињата, може да биде дури и смртоносно бидејќи содржи теобромин – супстанца слична на кофеин која е благ диуретик, ги проширува крвните садови на срцето и го намалува крвниот притисок. Додека човечкото тело ја разградува оваа супстанца за околу осум часа, метаболизмот на кучето не може и затоа доаѓа до труење.
Темното чоколадо содржи повеќе од оваа токсична супстанца за кучињата, што е уште поопасно.
Ако куче од 10 килограми изеде 100 грама млечна чоколада, веројатно ќе добие дијареа, можеби и повраќање, но тоа е тоа.
Ако истото куче изеде 100 грама темно чоколадо, последиците можат да бидат многу полоши. „100 грама ваква чоколада има околу 1,6 грама теобромин. Затоа, ако куче од 10 килограми изеде 100 грама горчливо, темно чоколадо, тоа може да биде фатално за него“, пишува во едно истражување.
Симптомите на овој тип на труење обично започнуваат во рок од 12 часа по ингестијата и траат до три дена.
„Знаците на труење може да се појават по четири часа, но обично по шест до 12 часа и се повраќање, дијареа, нервоза, немир и конвулзии, забрзано дишење и пулс, губење на свеста или епилептични напади“, се вели во истражувањето.
Експертите препорачуваат за празниците чоколадото да се чува подалеку од кучињата. Подобро закачете му некоја кучешка закуска на елката или уште подобро – посветете му го вашето време.