Дали ви паѓа косата во последно време, а не сте смениле ништо во вашата рутина?
Немате проблеми со тироидната жлезда, ниту пак имате ниско железо (и двете можат да влијаат на опаѓање на косата), не сте го смениле шампонот, не користите премногу често пегла или фен, кои ја искушуваат вашата коса.
Проверете да не се работи за овие навики под туш, тие најчесто предизвикуваат опаѓање на косата без воопшто да сфатите.
- Топла вода
Температурата на водата може да ја оштети или скрши косата. Исто како и топлината од фен или пегла, топлата вода може да има штетно влијание врз вашата коса.
„Топлината и водата го прошируваат слојот на кутикулата во косата кога е мокра“, вели трихологот Менди Бухнер, што може да направи повеќе да се крши и потешко да се витка.
„Скалпот, како и кожата и цревата, има деликатна рамнотежа на бактерии и габи“, додаде трихологот Вилијам Гауниц. „Кога рамнотежата е нарушена, нездравите бактерии и габи може да се развијат со брзо темпо, што доведува до воспаление, првут, себореичен дерматитис и претерано сув или претерано мрсен скалп. Туширањето со блага, топла или ладна вода може да спречи кршење на кутикулата на косата и оштетување на скалпот“.
Поладна вода помага повторно да се затвори слојот на косата и да се зголеми сјајот“, вели Бухнер. „Не мора да користите екстра ладна вода, само внимавајте да не е жешка“.
- Пречесто ја миете со шампон
Пената што се создава при миењето со шампон е резултат на сулфати или детергенти кои ги отстрануваат или чистат маслата од косата и скалпот. Не сите, но повеќето шампони содржат сулфати кои можат да ги иритираат или оштетат фоликулите на влакното кога се користат премногу често. Стручен совет е да ги користите оние без сулфати, особено ако вашата коса е сува.
зачестеноста на миење на косата треба да зависи од типот и должината на косата, како и од возраста. Како што старееме, скалпот произведува помалку маснотии, па можеби нема да треба толку често да се мие со шампон.
Кога не ви паѓа косата, а имате здрав скалп, шампонирањето двапати неделно е секако доволно за да ја одржите вашата коса чиста и здрава. Почестото шампонирање всушност може да предизвика проблеми, вклучително и сув, мрсен скалп или да предизвика воспаление што може да доведе до благо разредување.
- Шампонирање на краевите на косата
Повеќето луѓе нанесуваат шампон на погрешни делови од косата. Косата природно произведува масла и себум на скалпот, каде што треба да се нанесе шампонот. Неправилната употреба на производи за нега на коса, како што е шампонот, може да предизвика промени во текстурата на косата и оштетување на влакното.
„Миењето со шампон не се препорачува за врвовите на косата, бидејќи кога ќе ја измиете од темето, сапуницата ќе помине низ останатиот дел од косата и ќе ја исчисти доволно“, истакнува Бухнер и објаснува колку е всушност тоа лесно. Ако, на пример, користите многу производи за коса, како што се гелови, лак, итн., тогаш миењето на целата коса со шампон е во ред за да ги отстраните тие тешки производи од вашата коса.
При нанесување на регенератор важи спротивното правило. Треба да го нанесувате само на врвовите на косата. Регенераторите додаваат супстанција слична на масло на косата. За разлика од шампонот, регенераторот нема да ги отстрани себумот, нечистотијата или остатоците од вашата коса, па затоа не е ефикасен за чистење на скалпот.
- Користење на тешка, памучна крпа
Повеќето од нас имаат тенденција да ја сушат косата со памучна крпа, триејќи ја за ткаенината да впие што повеќе вода. Сепак, ова може да има негативен ефект, особено затоа што косата е најслаба кога е влажна. Дополнително, тешкиот пешкир завиткан околу главата доколку се остави подолго време може да ја повлече „линијата“ на косата назад, особено ако има порозна структура и чувствителна коса.
Пешкирите од микрофибер или дури и маичките се многу подобро решение за спречување на опаѓање или проретчување на косата. Овие материјали не ја сушат косата целосно, туку дозволуваат лесно да се суши на воздух. Ако користите пешкир, важно е редовно да го миете за да го заштитите скалпот од габични и бактериски инфекции.