Жените никогаш не треба да одат во тоалет да уринираат пред да имаат секс, вели урологот Дејвид Кауфман.
Урологот Дејвид Кауфман наведува дека идејата дека жените треба да уринираат пред секс, но и после, е толку вообичаена што се претворила во глобален мит во кој сите веруваат, пишува „Daily Mail“.
Сепак, тој посочува дека еден дел од митот е вистинит – оној според кој жените мора да уринираат после секс, бидејќи на тој начин се измиваат бактериите со кои дошле во контакт, а кои се честа причина за инфекции на уринарниот тракт.
Од друга страна, мокрењето пред секс е најголемата причина за циститис на меден месец, односно инфекции кои се јавуваат во врска со сексот.
Сексот како причина за проблемот
Претерувањето со интимните односи може да биде опасно по здравјето на жените, тврдат лекарите. Долготрајниот секс, како и неколкуте односи дневно, може да предизвикаат уринарна инфекција, т.е. споменатиот циститис на меден месец. Иако има романтично име, оваа болест може да биде многу болна, пишува „Women’s Health“.
– Уретрата се наоѓа веднаш до вагината, што значи дека за време на сексот бактериите од гениталиите лесно минуваат во уретрата. Колку е поголемо триењето, толку е поголем ризикот од инфекција – забележува американскиот гинеколог Мери Џејн Минкин.
Инфекцијата е почеста кај жените кои никогаш не родиле, а некои жени може да ја добијат после секој интимен однос. Ризикот може да се намали со мокрење после секс, вели Беверли Випл, професорка на Универзитетот во Њу Џерси.
Симптоми
Симптомите обично се појавуваат во рок од ден или два дена и се карактеризираат со болка при мокрење, често мокрење, промена на бојата на урината и болка во пределот над срамната коска. Доколку не се лекуваат навреме, може да предизвикаат инфекции на мочниот меур и бубрезите, пишува „About“.
Третман
Веднаш штом ќе ги забележите првите симптоми, побарајте помош од лекар кој по потреба ќе ви препише антибиотици.
Исто така, треба да се зголеми внесот на вода, чај или сок од брусница, што ќе го поттикне мокрењето, а со тоа и чистењето на бактериите од уринарниот тракт. Се додека не се излечи инфекцијата, најдобро е да се избегнува сексуален однос.