Водоотпорната шминка можете да ја носите и на плажа. Идеална е за топли денови бидејќи е постојана и долготрајна.
Карактеристика на шминката која не се отстранува лесно од кожата е долготрајноста, без разлика на влажноста или температурата на воздухот. Специјалните состојки што ги има оваа шминка овозможуваат да остане подолго на кожата.
Станува збор за водоотпорни маскари, моливи, кармини и пудри.
Иако се смета дека водоотпорната шминка е потешка, факт е дека козметичките компании во последно време лансираат голем број формули кои не се толку густи.
Маскарите содржат потемни пигменти од нова генерација, а истото е и со подлогите, односно пудрите. Ако сакате нешто уште полесно, изберете тонирани креми. Идеални се бидејќи го истакнуваат тенот, давајќи му природен изглед.
Кога станува збор за чувствителна кожа, треба да се внимава водоотпорната шминка да не остави траги од црвенило и да не предизвика несакани реакции. Секако, прво треба да пробате на мал дел од кожата.
Денес, водоотпорната шминка е достапна во сите бои и нијанси. Колекциите на мат, суви кармини се сè пораскошни. Достапни се во сите нијанси – од пастелни до темно црвени.
Водоотпорната шминка може да се отстрани со маслени средства за чистење. Не заборавајте да ги отстраните сите траги од шминка навечер и да дозволите кожата да се одмори.