Една од сериите што ја одбележа 2022 година е несомнено „White Lotus“ на HBO. Втората сезона од серијата постигна голем успех, па не е чудно што продуцентите решија да продолжат со снимањето. Во ноември потврдија дека очекуваме трета сезона, но засега не откриваат конкретни детали. Сепак, до американските медиуми протекоа неколку важни информации, меѓу кои и веста дека „White Lotus“ во новата сезона ќе се пресели во Тајланд.
Информацијата ја доби магазинот Variety од извор близок до продукцијата, а имајќи предвид дека првите две сезони се снимаа во одморалиштата Four Seasons на Хаваи и Италија, се очекува новите епизоди да се случуваат во еден од четирите хотели на луксузниот хотелски гигант во Тајланд – во Бангкок, Чианг Маи, Кох Самуи или Голден.
Заплетот на новата сезона исто така се чува во тајност, но нашироко се шпекулира дека еден од омилените ликови од првата сезона би можел повторно да се приклучи на актерската екипа. Според Variety, тоа е Белинда, спа менаџерката на Мауи која ја игра Наташа Ротвел, а фановите се исто така убедени дека Дафне (која ја игра Меган Фахи) би можела да се врати.
Исто така, продуцентот Мајк Вајт потврди дека приказната за Грег Хант (Џон Гриз) може дополнително да се развива во новите епизоди. „Што се однесува до Грег и заговорот околу смртта на Тања, можно е Порша да е доволно исплашена да го остави тоа. Но, со сите овие луѓе кои умираат на бродот, се чини дека мора да има некој кој ќе најде сè. Но, можеби ќе треба да почекате и да видите што ќе се случи“, рече тој.
Официјалниот датум за почеток на новиот „White Lotus“ се уште не е потврден, но судејќи според датумите на објавување на претходните сезони, многумина претпоставуваат дека тоа би можело да биде почетокот на 2024 година.