Тоа влијае на вашето здравје повеќе отколку што мислите
Дишењето е нешто што вашето тело го прави самостојно, па затоа не размислувате многу за тоа.
Кога станува збор за дишење преку уста, тоа најчесто, целосно несвесно, се случува во текот на ноќта.
Во сезоната на алергии и променливо време, кога настинките се чести, луѓето дишат преку уста поради назална конгестија. Ако имате затнат нос, треба да ја откриете причината и да се справите со неа.
Се испостави дека дишењето преку уста не е толку безопасна навика и дека може да има негативно влијание врз здравјето. Еве како:
- Заби
Американската стоматолошка асоцијација објаснува дека дишењето преку уста ја суши усната шуплина. Недостатокот на плунка која ја навлажнува устата им овозможува на бактериите во устата да се размножуваат, поради што луѓето кои често дишат преку устата се изложени на поголем ризик од кариес.
Дишењето преку уста може да влијае и на здравјето на децата. Американската национална медицинска библиотека вели дека децата кои дишат преку уста го зголемуваат ризикот од искривени заби и неправилен загриз. Така, ортодонтскиот третман станува покомплициран, особено кога станува збор за носење протези.
- Лицето ја менува формата
Со текот на времето, оваа навика може да доведе до деформитети на лицето. Оваа промена е позабележителна кај децата отколку кај возрасните.
Како што дишете преку устата, вилицата и образите стануваат се потесни, што може да доведе дури и до стеснување на ноздрите, промена на обликот на носот и горната усна.
- Потежок сон
Кога дишете преку уста додека спиете, внесувате повеќе јаглерод диоксид и помалку кислород отколку кога дишете низ нос. Како резултат на тоа, страдаат повеќе органски системи.
Дишењето преку уста исто така ги зголемува вашите шанси за ‘рчење. Ова може да доведе и до нарушувања во секрецијата на плунката, хроничен недостаток на кислород и апнеја.
- Се виткате
Кога дишете преку устата, рамената ви паѓаат и главата се движи напред, иако можеби не сте свесни за тоа. Како резултат на тоа, вашето тело се наведнува напред, како резултат на обидот да ги прошири вашите респираторни органи.