Ворнер Брос, дистрибутерот на светскиот блокбастер „Барби“, им се извини на гледачите во Јапонија за маркетинг кампањата „Барбенхајмер“, која ги промовираше филмовите „Барби“ и „Опенхајмер“, од кој вториот раскажува за животот на креаторот на атомската бомба, пред првата проекција на „Барби“ во Јапонија.
Според Ројтерс, успехот на „Барби“, која заработи повеќе од милијарда долари ширум светот за помалку од еден месец од објавувањето, многу се должи на неофицијалната кампања Барбенхајмер, а во сега избришаните твитови на мрежата Х, Ворнер Брос објави memes создадени од фановите поврзани со двата филма.
Филмот „Опенхајмер“, кој е биографска приказна за креаторот на атомската бомба, која САД ја фрлиле врз јапонските градови Хирошима и Нагасаки во Втората светска војна, а при бомбардирањето на тие градови загинале повеќе од 200.000 луѓе, не беше прикажан во земјата.
Претходно овој месец, Јапонија ја одбележа 78-годишнината од уништувањето на Хирошима и Нагасаки.
И покрај сето ова, билетите за „Барби“ во Јапонија се продаваат скоро исто толку брзо како и во другите делови на светот.