Воспаление на грлото: Направете домашен сируп кој ќе ве спаси и докажано помага при болка во грлото

popara28 декември, 20231min00
62487570-sirup-koji-smiruje-upalu-grla

Болката во грлото е нешто со кое се среќаваме во секое време од годината, но најмногу во студените месеци. Тешкотии при голтање, засипнатост, иритираност и болки во грлото придружени со чувство на печење се најчестите симптоми на воспаление, а можете да ги ублажите со помош на природни состојки. Направете си едноставен сируп кој помага при болки во грлото.

Состојки:

4 големи лажици мед
1 лажичка куркума во прав
1 лажичка ситно рендан ѓумбир
1 лажичка издробен лук
½ лажичка цимет во прав
½ лажичка лута пиперка во прав
4 големи лажици сок од лимон
сок од 1 портокал

Подготовка:

Медот нежно загрејте го додека не се разреди и додадете ги сите останати состојки во него.
Добро измешајте и оставете да отстои еден час.
Потоа процедете го сирупот преку цедалка или обична газа и чувајте го во тегла.
Два до три пати на ден полека пијте една кафена лажичка сируп.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma