Во кавга со партнерот не ги користете овие два збора – еве зошто!

popara22 декември, 20231min00
676 (68)

Веројатно сте свесни за очигледните линии кои не треба да се преминат во расправија, како што се навредите, врескањето и онаа големата: каква било форма на физичка повреда. Но, има уште една суптилна работа што навистина не треба да ја правите за време на расправијата со партнерот, а експертите велат дека тоа е неверојатно честа појава.

– Треба да избегнувате да ги користите зборовите „никогаш“ или „секогаш“. Секој пат кога вашиот партнер ќе заборави да ги подигне валканите чорапи од подот, не одговарајте со: „Секогаш ги оставаш твоите работи наоколу“. Или кога ви е доста од постојаното повторување, обидете да не викате инстинктивно: „Никогаш не ме слушаш!“ изјави за списанието Self Гајен Арамаин, терапевт за односи од Лос Анџелес.

Да ги искористиме претходните примери, веројатно имало моменти кога партнерот ве слушал или барем еднаш ја собрал облеката од подот.

– Дури и ако вашите обвинувања се вистинити, кажувањето „секогаш“ или „никогаш“ може да предизвика партнерот да започне одбранбен механизам, а разговорот не може да биде продуктивен кога некој од партнерите е во дефанзива – додава таа.

Тешко е активно да слушате и да ги решавате проблемите ако сте фокусирани на контранапад и одбрана. Тоа не значи дека треба да ги затворите своите чувства. Несогласувањето и искреноста за вашите грижи и гнев всушност може да помогне да се продлабочи вашата врска и да ве зближи. Сепак, тоа е само ако внимателно им пристапите на овие конфликти.

– Поефективен и повнимателен пристап од нападот со „секогаш“ или „никогаш“ е ако користите „јас мислам“ и вашата фрустрација ја трансформирате во загриженост наместо обвинување – препорачува Арамијан.

На пример, пред да му се жалите на партнерот дека никогаш не излегувате, започнете го разговорот со: „Навистина со нетрпение ја чекав вечерата што ја планиравме за вечерва. Што се случи?” Или, ако правите многу за него и се чувствувате недоволно ценети затоа што мислите дека партнерот не покажува ценење, пробајте нешто како: „Чувствувам дека не го признаваш трудот што го вложив за да поминувам повеќе време заедно. Што мислиш?”

– На тој начин ја отворате комуникацијата од љубопитност, наместо да влегувате со претпоставка дека вашиот партнер „никогаш“ или „секогаш“ прави нешто“ – вели Армејн.

На крајот на краиштата, во здрава врска, крајната цел на решавањето на проблемите е да ја зацврстите вашата врска, а не да победите во расправија за тоа кој е во право.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag