Односите за една ноќ се покарактеристични за мажите, но и жените се олучуваат за нив. Пресуден е изгледот на мажот, тврди едно истражување.
Некогаш мажите беа единствените кои „трчаа“ по љубовниците за една вечер, но времињата се сменија. Всушност, денес речиси и да нема разлика во тоа како жените и мажите гледаат на љубовните афери.
Жените се поотворено зборуваат за своите потреби и не се двоумат да побараат од партнерите да ги задоволат. Во повеќето случаи, жените веќе не се срамат гласно да кажат дека сакаат да имаат секс на една ноќ.
Експертите од областа на сексуалните односи открија кој е пресудниот фактор за заинтересираноста на жените за секс на една вечер.
Истражувачите од Универзитетот во Тексас откриле дека интересот на жените за краткорочни сексуални односи зависи од тоа дали сакаат партнери со изразени машки црти на лицето.
Резултатите од студијата се објавени во списанието „Archives of Sexual Behaviour“.
Истражувачите ангажирале 72 жени кои пополниле анкета за нивниот сексуален живот. Исто така, од нив било побарано да погледнат различни машки лица на компјутерски екран – оние со изразени машки и оние со помалку машки црти на лицето.
Секоја фотографија била емитувана по три секунди, при што научниците ги следеле движењата на очите на испитаничките. По прегледувањето на фотографиите, жените биле замолени да ја оценат привлечноста на машките лица.
Жените кои биле повеќе заинтересирани за краткорочни врски и оние кои се сметаат себеси за привлечни, подолго гледале во лицата на припадниците на посилниот пол со помажествени црти на лицето.
Заклучокот од истражувањето е дека жените кои се повеќе склони кон секс на една ноќ избираат мажествени мажи.