ВО ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ ЈА СЛЕДИ ЛОША СРЕЌА! Украден автомобил вреден 37.000 долари пред куќата на Ријана

popara1 април, 20231min00
Screenshot_12

Кражбата се случи само неколку дена откако непознат човек се обиде да влезе во нејзиниот дом со идеја да ја запроси!

 

 

 

 

Автомобилот на личниот возач на Ријана бил украден пред нејзиниот дом во Беверли Хилс. Изгледа дека на пејачката во последно време и се случуваат лоши работи. Кражбата се случила набргу откако полицијата привела непознат маж, кој се обидел да упадне во нејзиниот дом, со намера да ја запроси бремената пејачка, пишува DailyMail.

 

Да потсетиме, минатата недела нејзиниот дом беше опколен од полиција, откако маж од Јужна Каролина отпатува во Калифорнија за да и подари веренички прстен. Нејзиниот безбедносен тим ја известил полицијата за инцидентот, а потенцијалниот Ромео бил ставен во задниот дел на автомобилот на одредот со лисици.

 

Како што пренесуваат странските медиуми, автомобилот бил украден вчера откако возачот го оставил со вклучен мотор додека се враќал назад кон куќата.

 

Иако не е јасно дали Ријана (35), која го очекува своето второ дете со раперот Асап Роки (34), во тој момент била во куќата. Тие се уште не го коментирале инцидентот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma