Коњското опавче е фризура која можете да ја направите за секоја пригода, а со делење на неколку сегменти можете да добиете дополнителен волумен
Многу дами сакаат косата да им е густа, но за жал немаат среќа да имаат природен волумен. Затоа посегнуваат по разни трикови, со кои фризурата ќе им изгледа уште подобро.
Еден од тие трикови е поврзан со правењето репче.
Се што треба да направите е половина од косата да ја врзете во опавче, а остатокот да го поделите на два дела и да го врзете над опавчето.
Извлечете уште малку и тоа е тоа. Ќе добиете одличен волумен и фризура за секоја пригода.
Како изгледа во пракса, погледнете на видеото ТУКА.