Во тоа време бил НАЈСКАПИОТ фустан на доделувањето на Оскарите: Грејс Кели облекла веќе носена креација и влегла во историјата

popara4 март, 20231min00
356996_grejskelinasprofimedia0144970795_ff

Кога станува збор за големи настани, познатите личности и нивните креации кои чекорат на црвениот тепих се секогаш во центарот на вниманието.

За нив се зборува со години, а во случајот со Грејс Кели со децении.

Познатата актерка Грејс Кели се прошета на црвениот тепих на Оскарите во 1955 година во најскапиот фустан досега виден на овој настан.

Таа година, актерката двапати испиша историја. Најпрво го освои својот прв и единствен Оскар за улогата во филмот „The Country Girl“.

А потоа, за оваа прилика облече фустан кој влезе во модната историја, бидејќи во тој момент беше најскапата креација досега на Оскарите.

Grejs Keli je pre Oskara već nosila ovu haljinu.

Трендот на рециклирање фустани е се поприсутен во светот на познатите личности, а во 1955 година беше невообичаено една Грејс Кели да носи веќе облечен фустан на Оскарите.

Таа на њујоршката премиера на филмот „The Country Girl“ ја носеше креацијата за која се уште се зборува една година порано.

Фустанот е дело на костимографката Едит Хед, која во текот на кариерата имаше 35 номинации за Оскар, а го освои 8 пати.

Нијансата на овој фустан таа ја опиша како „боја на синиот шампањ“, а во зависност од светлината креацијата добива поинаква нијанса и понекогаш изгледа како да е во крем, а некогаш во светло зелена нијанса.

Свилата потребна за изработка на овој фустан во тоа време чинела 4.000 долари, што би било 50.000 долари денес, што го прави најскапиот фустан носен на Оскарите во тоа време.

Грејс Кели го заокружи целиот аутфит со бели, сатенски ракавици и мала чанта, а косата ја стави во пунџа и стави бисерни обетки.

Денес оваа цена изгледа „смешно“ откако Кејт Бланшет, на пример, во 2014 година носеше фустан кој чинеше 100.000 долари, кој беше украсен со накит за кои се проценува дека вреди 18 милиони фунти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma