Гравитацијата е сериозен непријател на кожата.
Искусната шминкерка Черчил Кавано покажа како се нанесува коректор, така што опуштената кожа визуелно ќе изгледа целосно затегната!
Со текот на годините се намалува нивото на колаген и поради оваа причина се појавуваат првите брчки. А бидејќи гравитацијата е сериозен непријател на кожата, таа станува се поопуштена.
Експертите од естетската медицина обично ги советуваат постарите дами да ставаат филери токму во средишниот дел на лицето, бидејќи тоа прво почнува да се опушта.
Но, со советот на оваа шминкерка, младоста можете да ја задржите само со помош на коректори, не ви требаат скапи естетски корекции!
Ако коректорот е правилно нанесен, се добива визуелен ефект на мал фејслифтинг.
Токму на видеото, Черчил покажува како го прави тоа во само три потези!
Таа користи коректор во боја на праска, кој го нанесува со тенка четка под надворешниот агол на окото, под и десно од ноздрата и во иста насока под надворешниот агол на усните. Движењето оди од долу нагоре. Потоа со подебела четка добро го спојува овој коректор и продолжува со шминката. Посветлите површини даваат ефект како целиот среден дел на лицето да е малку подигнат и освежен.
Видеото може да го погледнете ТУКА.