Дали и вие го сметате маникирот за релаксирачки третман? Понекогаш најдобро е да земете чаша од омиленото вино, да ја вклучите омилената серија, да ја подготвите потребната опрема и да ги средите ноктите за да се чувствувате поубаво и подобро.
Задоволството од лакирањето на ноктите може да се расипе со досадни воздушни меури кои се формираат на површината на лакот и во секунда ги уништуваат напорите и концентрацијата што ги собравме за да ги завршиме нашите нокти. Досадните меурчиња обично се појавуваат за време на процесот на сушење бидејќи воздухот се заглавува помеѓу слоевите лакови.
Овој проблем може да биде фрустрирачки, особено затоа што се појавува на самиот крај, кога мислиме дека сме готови и почнуваме да се восхитуваме на резултатот. За да не морате да го повторувате целиот процес на лакирање, ви носиме совети како да избегнете досадни меурчиња на ноктите во три едноставни чекори.
1. Добро исчистете ги ноктите
Пред да започнете со фарбање на ноктите, проверете дали вашите нокти се целосно чисти и суви. Дури и ако темелно го отстраните стариот слој на лак, ги намачкате рацете со крем и ги поправите сите дефекти со турпија, мора да бидете сигурни дека една од овие постапки не оставила дамка нечистотија.
Вообичаено, турпирањето на ноктите создава ситна прашина која подоцна предизвикува меурчиња. Исто така, ноктите не смеат да бидат мрсни од кремот, а внимавајте да не ги допирате лицето и косата откако добро ќе ги избришете со ацетон.
2. Нанесете лак во тенок слој
Ова е најчеста причина за меурчиња. Добро исчистете ја четката од вишокот лак пред да ја нанесете на ноктите. Ако нанесете дебел слој, тешко ќе се исуши и случајно ќе го залепите ноктот за нешто, па ќе морате да го повторите целиот процес.
3. Бидете трпеливи
На поевтините лакови обично им недостасува пигмент, па дефинитивно е неопходно да се нанесат два слоја за да ја добиеме токму онаква каква боја каква што би сакале. Ако нанесувате повеќе слоеви, погрижете се претходниот слој да биде целосно сув, инаку меурчиња се неизбежни. Експертите забележуваат дека треба да избегнуваме нанесување на третиот слој – два се сосема доволни.
Додатна забелешка: Ставање на раката пред вентилаторот за да му помогнете на лакот да се исуши побрзо не е паметно решение, бидејќи воздухот може да предизвика уште повеќе меурчиња. Исто така, мафтањето со рацете или дувањето по ноктите нема да го забрза процесот на сушење. Најдобро е да се опуштите и да почекате лакот да се исуши сам.