Актерот Даниел Редклиф, или на сите попознат како палавиот Хари Потер, не престанува да ги воодушевува корисниците на социјалните мрежи откако објави неверојатна фотографија од новиот филм – на која е како вистински ѕвер!
Иако сите го паметат како палаво, слабо момче, легендарниот Хари Потер целосно се трансформираше за потребите на новиот филм.
Даниел се најде во главната улога во серијата „Miracle Workers“, која тој и ја продуцираше.
Но, очигледно тоа никого не го интересира бидејќи еден впечатлив детал им падна во очи на гледачите. Имено, Даниел за оваа улога го покажа своето мускулесто тело, во сцена каде неговиот лик Сид е облечен само во бела долна облека.
View this post on Instagram
Ова не е прв пат Даниел да се соблече за некоја улога. Првиот пат беше кога имаше 17 години и кога играше во претставата „Екуус“.
Многумина коментираа дека никогаш не го виделе ваков и дека сигурно работел со добри тренери и морал да вложи многу труд за да ја постигне оваа фигура.