Глицеринот ќе биде ваш сојузник во враќањето на стариот сјај на паркетот.
Колку и да се грижите за вашите паркети, нема сомнеж дека тие со текот на годините се повеќе се трошат и го губат стариот сјај.
Како и да е, пред да одлучите да ги промените, можеби ќе сакате да го испробате овој трик, за кој е потребна само една состојка.
Наводно, овој трик го споделила агентка за недвижности, која всушност е умешна во дотерување детали кои можат да ја зголемат цената на недвижнината.
Нејзината финта е многу едноставна:
Се што треба е да измешате 1 капаче глицерин со 5 литри вода.
Секако, направете ја подготовката, така што ќе ги извадите сите теписи од паркетот, а потоа добро ќе го исчистите со правосмукалка. Паркетот прво избришете го со обична влажна крпа, а потоа со споменатата смеса.
После тоа, можете повторно да го поминете со чиста, сува магична крпа и да оставите да се исуши. Обидете се да не одите преку тој дел некое време.
Она што е исто така важно е дека овој производ можете да го користите и за чистење на други подови, како што е ламинат.
Имате ли вие некој трик да споделите со нас?