И трендовите во сексот одат во чекор со технолошките достигнувања. Тоа го докажува и најновиот тренд, кој е поврзан со виртуелната реалност и 3Д принтерите.
Виртуелната реалност служи за гледање на некој вид порнографска видео-содржина, но самото искуство сега е малку напреднато и многу побизарно. Освен очила, можете да купите и цела опрема потребна за виртуелен секс.
Цената на пакетите кои можат да се најдат на пазарот е околу 800 долари, а со пакетот следуваат и слушалки, очила и рачен контролер. Еротските видео-материјали кои се прикажуваат во виртуелната реалност се претходно снимени како „конвенционални порно – филмови“, но снимани со камера која снима дури 180 или 360 степени.
фигура е поставена на самиот центар на акцијата. По ставањето на очилата, доаѓа аватар со кој вашето виртуелно тело се впушта во „жешки игри“. Овој вид на забава не е исклучиво за една личност.
Освен „филмовите за возрасни“, можете да играте и ВР интерактивни сексуални игри, од кои најпозната е „Фем доминејшн“, во која виртуелното тело е потчинето на сексуални тортури од ликовите околу него.
Станува збор за еден вид на „сајберсекс“, а истражувањето кое го спровело студиото „Лело“ покажува дека 2018. година ќе важи за најдобрата година за фузија помеѓу сексот и технологијата.