Гвинет Палтроу го отвори фрижидерот, а обожавателите се прашуваат каде е храната

popara9 август, 20234min00
Gwyneth Paltrow

Иако Оскаровката Гвинет Палтроу некогаш беше позната по улогите во филмовите како Shakespeare in love и Seven, деновиве таа е попозната по својот бренд за животен стил Goop и прилично необичните изјави што ги дава во интервјуата.

Таа во март годинава откри дека нејзината исхрана се состои исклучиво од црно кафе, супа од коски и зеленчук, а неодамна на Инстаграм профилот на нејзиниот бренд на своите следбеници им покажа што всушност има во нејзиниот фрижидер.

Различни видови млеко и крем за лице
„Нема да лажам, го исчистив пред да ве поканам овде, но ова е навистина она што го имам во мојот фрижидер“, се пошегува таа во видеото.
Содржината на нејзиниот ладилник всушност не е ништо револуционерно. На видеото изгледа како да се обидува да ги демантира луѓето кои на интернет ја обвинуваат дека промовира гладување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by goop (@goop)

Нејзиниот фрижидер е полн со млеко од секаков вид, но и остатоци кои вклучуваат путер пилешко и пржени тиквички.

Се разбира, тоа не ги спречи критичарите да преплават со коментарите.