Колку и да ги чистите славините, тие изгледаат како да се извалкани само по неколку минути. На славините остануваат дамки од вода, а има и наталожен бигор кој тешко се отстранува.
Ова е чест проблем, кој ги натера некои луѓе да бараат решение. Така, на платформата Јутјуб е објавено видео со корисен трик за кој ви треба само свеќа. Откако ќе ја исчистите бањата и ќе ја исушите, земете поголема свеќа и поминете со неа преку славините. Восокот ќе остане на површината, а треба со крпа да го втриете во славината. Ќе формира заштитен слој, па водата нема да остави дамки и само ќе се лизга од површината.