Медот е одличен за смирување на кожата
Бричењето е најевтиниот и најлесниот начин за отстранување на несаканите влакна. Не е невообичаено кожата да се иритира по употреба на брич. Црвенилото, чешањето и чувството на печење може да бидат многу непријатни. Доколку имате важен настан, а кожата ви е воспалена, можете да искористите едноставен трик.
Се што ви треба е малку мед, кој е одличен за смирување на кожата.
Првото нешто што треба да го направите е да намокрите еден прст со вода, а потоа да нанесете малку мед на него. После тоа, со лесни движења нанесете го медот на иритираното место. Продолжете со триење додека кожата не го впие. Не плакнете.
Тапкајте ја областа додека не почувствувате дека кожата целосно го впила медот. Ќе забележите дека вашата кожа ќе биде помека и посветла, а црвенилото значително ќе се намали.