Гинеколог ПРЕДУПРЕДУВА: Овој тип на секс го практикуваат многу луѓе, а тој е најлесниот начин за пренос на сексуално преносливи болести

popara21 август, 20231min00
676

Гинекологот Лорен Ф. Страјкер, директор на Центарот за сексуална медицина и менопауза на Универзитетот Нортвестерн, за порталот „Health“ објасни што треба да знаат сите жени за аналниот секс.

„Треба да знаете дека анусот не е направен за секс. Тоа треба да биде еднонасочен премин. Вагината, од друга страна, има густа, еластична обвивка која е дизајнирана да стане растеглива за пенисот или детето“, истакнува д-р Страјкер.

Ректалното ткиво е тенко и ја нема истата еластичност, па постои поголема можност за оштетување, додава гинекологот кој е автор на книгата „Sex Rx“, а поголема е и можноста за инфекции.

Ректалната гонореја, аналната кламидија и ХИВ се реални ризици. Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, „аналниот секс е сексуално однесување со најголем ризик за ХИВ инфекција“.

Но, аналниот секс го зголемува и преносот на ХПВ.

„Многу малку хетеросексуални мажи имаат ХИВ, но повеќе од половина од мажите имаат ХПВ“, вели д-р Страјкер.

ХПВ може да предизвика анални брадавици и рак. Проблемот е што овој дел од телото не се прегледува редовно, освен ако не е конкретно побарано.

Никој не сака да зборува за столицата. Новото истражување на тимот од Универзитетот Нортвестерн покажува дека жените кои имаат редовен анален секс ја промениле конзистентноста на столицата и пријавиле уринарна и фекална инконтиненција.

„Но, ако сакате анален секс, користете заштита без разлика на се. Како гинеколог, им велам на луѓето дека дури и да сте во моногамна врска, секогаш треба да користите кондом за анален секс“, вели Страјкер, пренесува „RTL“.

Доколку имате вагинален секс после аналниот, дајте му нов кондом на партнерот за да се заштитите од уринарни инфекции, пишува „Espreso“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma