Има жени кои секогаш убаво мирисаат, без разлика во кое време од денот е. Тие ги споделија своите осум тајни со кои го постигнуваат тоа, кои секој од нас може да ги искористи.
1. Избираат посилни мириси
Додека мирисите на цитрус брзо испаруваат, зачинетите и дрвенести мириси со ноти како сандалово дрво остануваат подолго на кожата. Затоа, доколку сакате парфемот да трае подолго, одберете ги оние од втората група.
2. Мирисите се нанесуваат во слоеви
Од гелови за туширање до лосиони за тело до масла, омилените мириси на повеќето жени доаѓаат во различни форми. На овој начин се создаваат слоеви на мирис кои се чувствуваат во текот на денот.
3. Тие го знаат најдоброто место за нанесување парфем
Наместо на зглобот, парфемот го нанесуваат на потопли (и често поскриени) места на телото, како што се стомакот и градите, зад колената и ушите. Поради топлината на тие делови од телото, мирисот целосно ќе се развие и целосно ќе се почувствуваат горните, средните и основните ноти на парфемот.
4. Никогаш не го тријат парфемот
Многу жени имаат навика да ги тријат зглобовите на рацете кога нанесуваат парфем, но обидете се да се ослободите од таа навика. Имено, со триење во парфемот се губат горните ноти, поради што ќе се почувствуваат само средните и основните ноти, а мирисот на парфемот пократко ќе остане на кожата.
5. Знаат кога е најдобро да се нанесува мирис
Најдобро време за нанесување на мирисот е веднаш по туширањето, додека кожата е уште малку влажна. Влагата ќе му овозможи на мирисот да остане подолго на кожата. Дополнително, на овој начин мирисот ќе се апсорбира и нема да има ризик од дамка на вашата омилена блуза или обезбојување на вашиот накит кога ќе дојде во допир со свежо нанесен парфем или масло за тело.
6. Ја одржуваат влажноста на кожата
Секогаш навлажнете ја кожата пред да нанесете парфем. Сувата кожа обично апсорбира одредена количина на мирис, поради што мирисот побрзо исчезнува. Кога кожата е хидрирана, парфемот има за што да се држи и на тој начин трае подолго.
7. Ги чуваат парфемите на добро место
Изложеноста на топлина и влага ги уништува молекулите на мирисот во парфемот, затоа избегнувајте да ги чувате шишенцата со парфем во бањата. Најдобро е да ги чувате на ладни и суви делови од куќата, на пример на горната полица од плакарот.
8. Нанесуваат парфем најмалку два пати во текот на денот
Кожата е жив орган кој дише и не може да задржи мирис на неодредено време. Затоа е најдобро секогаш да имате шише парфем со себе за да го освежите мирисот кој го носите во текот на денот и секогаш убаво да мирисате.