Не мора да се грижите за избегнување на пределот околу очите, слободно нанесете го растворот и таму
Во сад ставете една лажица ленено семе и потоа прелијте ја со третина од чаша врела вода, промешајте неколку минути и потоа покријте со салфетка и оставете да отстои до вечер.
Исцедете ја смесата таа вечер. Користете ја гелираната водена маса која се формирала од лененото семе.
Нанесете го овој раствор од ленено семе на исчистеното лице и врат со стапчиња за уши. Не мора да се грижите за избегнување на пределот околу очите, слободно нанесете го растворот и таму.
Кога маската ќе се исуши на лицето, нанесете ја повторно. Повторете ја оваа постапка пет пати.
Еве ги придобивките од маските од ленено семе:
- Ги крева цртите на лицето, ја тонизира и затегнува кожата
- Ги намалува широките пори
- Ја хидрира кожата
- Служи и како пилинг за кожа
- Го намалува вишокот на себум на мрсна кожа
- Помага во спречување на формирање на акни и отстранување на мозолчиња од лицето
- Го успорува создавањето на брчки и го елиминира создавањето на тенки линии на лицето бидејќи има својства кои интензивно го забавуваат стареењето