Летото е во полн ек. Време е да заблескате со полн сјај
Доколку имате зголемени пори или сакате да направите пилинг и да ги отстраните мртвите клетки од кожата, оваа маска е за вас. Дополнително, на кожата ќе ѝ обезбеди влажност и ќе ја нахрани, што директно влијае на намалување на брчките на лицето.
За подготовка ви треба:
- Половина чаша мед
- Три лажици свежо исцеден сок од портокал
- Една кафена лажичка морска сол
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки за да добиете густа смеса и маската е подготвена за употреба.
Нанесете на сува, чиста кожа и оставете да делува петнаесет минути, а потоа добро исплакнете со млака вода.