Во последно време често можеме да слушнеме за повеќе производи дека се т.н. „супер храна”. Ако под таква храна подразбираме храна која има некаков ,,магичен ефект” или има бенефити сама по себе, без да се практикува балансирана, правилна исхрана, грешиме. Но, ако под ,,супер храна” подразбираме вид на храна кој, во склоп на правилната исхрана, има низа на сериозни позитивни ефекти врз состојбата на организмот, тогаш може да се рече дека сме во право. Такви намирници постојат. Една од нив е и лененото семе, а тоа се потвдрува со сè повеќе научни истражувања кои ги потврдуваат позитивните ефекти и зборуваат за дополнителни.
Ленено семе или ленено масло?
Маслото од ленено семе ги содржи само масните компоненти од содржината на семето. Тоа значи дека има доста голема калориска вредност, а отсуствуваат и другите хранливи материи на семето. Тие други хранливи материи како растителните влакна, разните витамини и минерали, имаат значително корисно дејство за организмот (ќе го разгледаме подетално во продолжение).
Значајно за лененото масло е и тоа што маснотиите доста лесно можат да се ,„оштетат”. Тие се значително посензитивни од другите маснотии, во присуство на топлина и светлина. Кога маснотиите ќе се оштетат, не само што имаат нарушена нутритивност (тешко се искористуваат од телото), туку можат да бидат и потенцијално опасни, да водат до заболувања како што се артеросклероза, канцер и инфламаторни процеси.
Значи, помалата хранлива вредност (заради присуството само на масните компоненти), значително поголемата калориска вредност, како и опасноста од лесно расипување го оставаат лененото масло во втор план, зад лененото семе.
Ќе издвоиме 8 најважни корисни ефекти на лененото семе кои имаат научна поддршка:
1) Богат извор на различни хранливи материи
Една супена лажица содржи околу 7g од ова семе. Во толку мало количество се содржат добар процент на протеини, омега 3 масни киселини, како и различни витамини и минерали. Една лажичка со ленено семе содржи:
1,3g протеини
2g јаглехидрати
1,9g растителни влакна
3g масти,од кои само 0,3 заситени масти
1,6mg омега 3 масни киселини
8% од дневниот препорачан внес на витаминот B1
2% од ДПВ за витаминот В6
2% од ДПВ за витаминот В9
2% од ДПВ за калциум
2% од ДПВ за железо
7% од ДПВ за магнезиум
4% од ДПВ за фосфор
2% од ДПВ за калиум
Здравствените бенефити од лененото семе, главно се поврзуваат со омега 3 масните киселини, растителните влакна и групата на полифеноли – лигнани.
2) Богат извор на омега 3 масни киселини
Омега 3 масните киселини се есенцијална хранлива материја, што значи дека организмот нема механизам да ја создаде, па треба да ја внесеме преку исхраната.
Лененото семе е богат извор на омега 3 масни киселини кои се докажан фактор во спречувањето на кардиоваскуларните заболувања и намалувањето на ризикот од срцев удар. Ова е особено значајно за вегетаријанците кои не консумираат риба.
Механизмот преку кој овие масни киселини заштитуваат од кардиоваскуларни заболувања главно се состои од помагањето на превенцијата од натрупување на холестеролот во крвните садови. Исто така, помагаат во намалување на инфламацијата во крвните садови и намалувањето од опасноста за развој на тумор.
Серија од 27 научни истражувања кои за испитаници имале 250 илјади луѓе, дошле до заклучок дека омега 3 масните киселини од растително потекло го намалуваат ризикот од срцеви заболувања за 14%.
3) Лененото семе е извор на лигнани
Лигнаните се група полифенолни соединенија кои имаат карактеристики што можат да помогнат во намалувањето на ризикот од развивање канцер. Антиканцерогеното дејство главно се базира на антиоксидативно и естрогено дејство на лигнаните. Така, како што сугерираат повеќе научни истражувања, лигнаните помагаат во намалувањето на ризикот за развој на ракот на простата кај мажите и ракот на дојка, особено кај жените во постменопауза.
Лененото семе содржи дури 800 пати повеќе лигнани од другите растителни продукти.
4) Лененото семе содржи значителен процент на растителни влакна
Растителни влакна се важни за организмот од повеќе аспекти, а сè повеќе истражувања ја потврдуваат важноста, но откриваат и нови механизми преку кои тие делуваат позитивно на организмот.
Позитивното влијание на растителните влакна, пред сè, се должи на два факти.
Прво, тие помагаат да се одржува здравјето на дигестивниот систем преку хранењето на корисната цревна микрофлора. Тоа понатаму води до низа на корисни дејства за организмот.
Второ, ја попречуваат функцијата на ензимите во дигестивниот тракт, со што варењето на храната оди поспоро, а со тоа и апсорпцијата на глукозата во крвотокот е постепено. Исто така, нерастворливите растителни влакна и овозможуваат на водата полесно да се поврзе со столицата и со тоа помагаат во цревната перисталтика, однсно движењето на храната низ цревата.
5) Лененото семе може да го помогне намалувањето на нивото на холестерол во крвта
Една студија која за испитаници имала луѓе со висок холест ерол правела експеримент кој подразбирал консумирање на 30g ленено семе, дневно. Истражувањето траело 3 месеци. Крајниот резултат бил намалување на процентот на LDL холестеролот во крвта за 17%, но и процентот на HDL холестеролот за 12%.
Веројтано овој ефект се должи повторно на растителните влакна, кои се поврзуваат со жолчните соли кои потоа се излачуваат од телото. За да се заменат овие загубени жолчни соли, телото го превзема холестеролот (кој служи како база за изградба на жолчни соли) од крвта во црниот дроб.
6) Може да помогне во намалувањето на крвниот притисок
Некои истражувања кои се занимавале со својствата на лененото семе, дошле до сознанија дека тоа може да помогне во намалување на крвниот притисок.
За оние кои веќе користат медикаменти за намалување на крвниот притисок, лененото семе може значително дополнително да помогне. Една студија покажала дека редновното консумирање на 30g ленено семе дневно, го намалило бројот на пациенти со неконтролирано висок крвен притисок за 17%.
7) Протеините во лененото семе се со висок квалитет
Лененото семе е одличен извор на растителни протеини, особено за оние кој се хранат строго со растителна храна. Високиот квалитет се должи на составот на протеините. Тие содржат значајни амино киселини како аргинин, аспаргинска киселина и глутаминска киселина.
Повеќе лабораториски студии на животни покажале дека протеините од лененото семе можат да помогнат во подобрувањето на имунитетот, намалувањето на холестеролот, но и во превенцијата од малигни заболувања. Исто така, овие протеини покажале анти-фунгално дејство.
8) Може да помогне во регулирањето на шеќерот во крвта
Ваквото дејство на лененото семе се должи пред сè на високиот процент на растителни влакна кои ги содржи. Како што веќе споменавме, растителните влакна ја отежнуваат работата на стомачните ензими, по што поспоро се создава глукозата. Со тоа, поспора е и апсорпцијата на глукозата во крвта.