Вашето тело ќе ви се заблагодари
Предноста на овој лек се рефлектира во брзото проширување на крвните садови на природен начин, што автоматски ја подобрува циркулацијата на крвта. Редовната употреба на овој чај ќе донесе значително подобрување кога станува збор за споменатите состојби.
Освен што ја подобрува микроциркулацијата, овој чај влијае на правилното функционирање на нервниот систем, а се верува дека ја подобрува меморијата и го намалува крвниот притисок. Исто така, циметот како една од двете главни состојки има антиинфламаторно дејство кое помага при воспалителни состојби во организмот, а природно го зајакнува имунитетот и помага во борбата против вирусите и бактериите.
За да го подготвите овој чај потребни ви се две состојки:
рузмарин
цимет (мелен или стапче)
Ставете го рузмаринот во тенџере и додадете го циметот. Со половина литар вода прелијте ги циметот и рузмаринот, покријте го тенџерето и варете додека не зоврие. Откако водата ќе зоврие, намалете ја температурата и варете околу 10 минути. Откако чајот ќе биде готов, оставете го да се олади уште 15 минути и процедете го во шолја. Истурете го преостанатиот чај во тегла со капак и чувајте го во фрижидер за следната тура.
За максимални резултати, чајот треба да се пие два пати на ден, во рок од 7 последователни дена. Доколку имате преосетливост на некоја од состојките на чајот, консултирајте се со вашиот лекар пред употреба.