Главната ѕвезда беше Шупет: Џеред Лето како маскота на Мет галата, а Доџа Кет имаше канџи

popara3 мај, 20231min00
o_28891431_1280

Највозбудливиот моден настан на годината, MET Gala, оваа година се одржа под името „Karl Lagerfeld: A Line of Beauty“ и не поведе на модно патување со познатиот, никогаш прежален дизајнер кој не напушти пред четири години. Да беше жив оваа година, во септември ќе го прославеше својот 90-ти роденден, но германскиот моден дизајнер Карл Лагерфелд засекогаш ја одбележа модната индустрија во неговата исклучителна кариера. Најпознат е по работата за француската куќа Шанел, која ја врати на врвот во осумдесетите години на минатиот век и и вдахна нов живот, а работеше и за Фенди, Клои, Пату, Балмен, како и за модната куќа што го носи неговото име.

image

Нераскинлива асоцијација со него е мачката Шупет, неговиот миленик, без која не можел да го замисли животот. Лагерфелд ја обожаваше Шупет и ја направи најпознатата мачка на светот. Шупет долго време има линија на облека и козметика со нејзиното име, ѝ се посветени бројни текстови, па дури и цела книга за животен стил, а и самиот Карл Лагерфелд еднаш тврдеше дека таа е најдобро платената мачка на светот.

image

“Шупет е голема ѕвезда. Таа е најпознатата мачка на светот. Секако дека не сакам да работи. Понуди доаѓаат од секаде, и не можам само да велам “не, не, не и не”. “, изјави познатиот дизајнер, кој на својата миленичка и остави доволно пари за да ужива во луксузот на кој таа беше навикната до крајот на животот.

image

Затоа на МЕТ Галата имаше креации кои беа директно посветени на мачката на Лагерфелд: како изненадувачки гостин во костим за мачки, на влезните скали пристигна познатиот американски актер, продуцент и музичар Џаред Лето, кој таму беше пречекан од воодушевени колешки Салма Хаек и Ен Хатавеј.

image

Американската музичарка Доџа Кет се истакна и со фустан кој јасно потсетуваше на костим на жена-мачка, чиј маникир ги претвори нејзините нокти во канџи. Џаред Лето, се разбира, со мала помош од армијата асистенти, брзо се пресоблече во костум чиј најатрактивен детаљ беше долгата наметка, но неговото доаѓање секако беше еден од најважните моменти на овогодинешниот моден настан.

image

image

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag