Сет Роген, канадски актер, комичар, сценарист и продуцент со холивудска адреса, во едно неодамнешно интервју откри дека тој и неговата сопруга Лорен Милер живеат многу убаво без деца. Ништо не им фали, вели тој. Кога во 2011 година се ожени со позната американска актерка, комичар, сценарист и режисер, тие решија да не станат родители. Неодамна, на подкастот „The Diary of a CEO with Steven Bartlett“, откри дека тој и Лорен се уште се „многу среќни“ со одлуката.
Водителот го праша дали сепак се предомислиле, но ѕвездата од „Соседи од пеколот“ и „Стив Џобс“ рече дека тој факт помогнал да ја изгради неговата кариера во изминатите дваесет години. Тој, како што вели, бил фокусиран на она што му е поважно. Се е прашање на избор, додаде тој.
„Можеме да правиме што сакаме, полни сме со енергија, попаметни сме од кога било, се разбираме себеси повеќе од кога било, имаме капацитет да постигнеме завидно професионално ниво и ниво на меѓусебна комуникација, меѓусебна грижа. Задоволни сме од тоа како живееме. Никогаш не би можеле да живееме вака ако имавме деца“, рече тој. Тој е упатен во семејните проблеми бидејќи неговата сопруга и тој имаат пријатели со деца.
„Да се има дете значи да се биде одговорен за тоа со децении, тоа не е мала работа. Некои луѓе сакаат деца, а некои не. На крајот на краиштата, многу луѓе имаат деца пред воопшто да помислат на тоа“, рече тој. Водителот Стивен Бартлет, татко на три ќерки, му објаснил дека да се биде родител не значи да се откажеш од бракот и себеси, децата остануваат приоритет и никој во семејството не е лишен.
Сепак, комичарот претпочита живот без премногу (семејни) обврски и целото внимание да ѝ го посвети на сопругата. “Сакаме да лежиме голи во сабота наутро, да пушиме трева и да гледаме филмови. Ако имавме деца, јас и Лорен тешко дека би можеле да го правиме тоа”, заклучил комичарот.