Холивудскиот актер Џереми Ренер се појави на црвениот тепих во Лос Анџелес за прв пат по неговата тешка несреќа, каде присуствуваше на премиерата на сопственото шоу Rennervations.
Ренер облече костум, под кој имаше бела кошула. Актерот одел со помош на бастун, а кога зборувал со медиумите, користел и електрична инвалидска количка.
Да потсетиме дека холивудскиот актер Џереми Ренер заврши во инвалидска количка откако го згмечи плуг, но не се откажува од закрепнувањето.