Џон Хам и Ана Осчеола разменија завети за време на церемонијата одржана на истата локација каде што се снимаше последната епизода од „Момците од Медисон“. Двојката се сврши во февруари по две години врска, а на најважниот ден од нивниот живот присуствуваа многу познати пријатели меѓу кои Били Крудуп, Пол Руд, Тина Феј и други. Додека одеа по патеката, бендот свиреше песна од филмот за Џејмс Бонд од 1976 година „You Only Live Twice“.
За потсетување, младенците за прв пат се запознаа на снимањето на серијата „Момци од Медисон“ во 2015 година, а шпекулациите за врската набрзо почнаа откако неколку пати беа видени заедно во јавноста. На црвениот тепих првпат како пар се прошетаа во 2022 година на забавата на Оскарите.
Џон претходно беше во врска со Џенифер Вестфилд, а во 2015 година за магазинот People изјавија дека со „голема тага“ и по речиси две децении „љубов и заедничка историја“ решиле да се разделат. Нивното раскинување дојде само неколку месеци откако Џон заврши со рехабилитација на која се пријави за зависност од алкохол.
Иако претходно изјави дека бракот ништо не му значи, во септември 2022 година откри дека е поотворен за идејата за брак и создавање семејство, а очигледно Ана му помогнала да ја донесе таа одлука.